Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ако претстојната зима на Швајцарија ѝ снемува струја реши да воведува рестрикции, државата, меѓу другото, ќе го забрани користењето на електрични возила за развозување натаму-наваму.
Во случај на криза, сопствениците на Тесли и слични возила, ќе смеат истите да ги користат само за „есенцијални патувања“: возење на работа, посета на доктор, религиозни настани, судски рочишта и купување храна.
Освен електричните возила, во планот за итни ситуации се предвидува намалување на работното време на продавниците за по 2 часа на ден, гасење на греењето во ноќните клубови и стишување на греењето во другите објекти на не повеќе од 20 степени Целзиусови.
Проблемот за Швајцарија е што иако статистички произведува доволно енергија за да не мора да стравува, производството не е рамномерно секој месец во годината, туку достигнува пикови во пролет и лето, а паѓа во есен и зима.
Заради ова Швајцарија стандардно пола од годината извезува струја, а другата половина увезува од соседните земји, кои пак вишокот енергија го добиваат од природен гас што до сега го увезуваа од Русија.