Спорт

Швајнштајгер „лобира“ за Мурињо: Може да го води Баерн Минхен

Баерн Минхен му врачи отказ на тренерот Нико Ковач, па сега баварскиот гигант е во потрага по нов тренер.

Медиумите шпекулираат со неколку тренерски имиња, а меѓу најспоменуваните е Жозе Мурињо, кој момемтално е без ангажман.

Легендата на Баерн, Бастиан Швајнштајгер добро го познава „Специјалниот“ и тврди дека ќе биде одлично решение за германскиот клуб.

„Можам да го замислам Мурињо во Германија, се сеќавам тој постојано ме прашуваше за Баерн Минхен и Бундеслигата, во текот на нашите гостувања постојано имаше Бундеслига на ТВ“, изјави Швајнштајгер, кој соработуваше со Мурињо во Манчестер Јунајтед.

„Тој навистина го знаеше секој фудбалер, од помалите до поголемите екипи, исто така тој учеше и германски јазик, засега немал ангажман во Бундеслигата, меѓутоа можам добро да го замислам како работи таму, мислам дека тоа за него ќе биде доста привлечна опција“ додаде Германецот.

Advertisements
To Top