Шумахер повторно во црвениот болид на Ферари (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мик Шумахер, син на легендарниот Мајкл Шумахер дебитираше во болидот на Ферари!

Како што и порано беше најавено, 20-годишниот Шумахер возеше на стазата во Бахреин, каде се одржуваа дводневни тестови на италијанскиот тим. Мик ќе има шанса да го тестира болидот Алфа Ромео.

Мик утринава излезе на патеката во Бахреин во болидот на Ферари и имаше неколку тестови. Тој во моментов вози во Формула 2, но очигледно во Ферари веќе сакаат да има искуство во Ф1.