Шуќур, и таа „рипна в тавче“: Најсреќна сум на светот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На Крис Зилка дефинитивно „му падна секирата во медот“ кога клекна на колена на снегот во Аспен, ја запроси својата девојка, богатата наследничка Парис Хилтон, а таа му кажа „да“.

Парис била позитивно изненадена кога ненадејно нејзиниот дечко Крис клекнал на колено и го извадил вереничкиот прстен со „најголемото прашање на светот“.Овие радосни моменти ги подели со своите обожаватели, а не штедела ни комплименти на сметка на својот избраник.

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

„Реков ДА! Пресреќна сум што се верив со човекот на мојот живот. Тој е мој најдобар пријател и совршен е во секој поглед… Посветен, верен, добар во срцето… Се чувствувам како најсреќна девојка на светот, сите мои сонови се остварија. Ти благодарм што ми покажа дека бајките и понатаму постојат“, објави Парис на социјалните мрежи.

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

Парис и Крис се запознале пред осум години, но љубовта ја започнале пред две години. Богатата наследничка тврди дека уште на првиот состанок знаела дека баш тој човекот на нејзиниот живот.