ШТРАЈК НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ: Од полноќ возовите запираат!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Незадоволни од доцнењето на вториот дел од платата за октомври вработените во Македонски Железници Транспорт АД Скопје стапуваат во штрајк. Од вчера наутро железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин, а од полноќ и железничкиот патнички сообраќај.

МЖ Транспорт АД Скопје вчера соопшти дека железничкиот товарен сообраќај е во целосен прекин од вчера во 7,30 часот, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка се одвиваше до полноќ.

Како што информираат од компанијата, група вработени од машинскиот и извршен персонал во „МЖ-Транспорт“, еднострано и ненајавено, решиле да прекинат со извршување на своите работни обврски, поради неисплатен втор дел од платата за октомври.

„Железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка ќе се одвива само до крајот на денешниот ден, т.е. до 24 часот. Сите возови кои во текот на денешниот ден ќе тргнат од станица Скопје Патничка, ќе бидат вратени во текот на утрешниот ден, согласно важечкиот возен ред“, се вели во соопштението.