Што „зуи“ од Антарктикот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истражувајќи ја антарктичката ледена површина, кај Росовата ледена плоча, од страна на научниците беа снимени мистериозни звуци, по што беше направено истражување со цел да се дознае на кој начин се создаваат истите.

Откако во 2014 година истражувачи поставиле 34 сеизмички монитори во снегот, на врвот на најголемата ледена покривка на Антарктикот – Росовата ледена плоча, инструментите снимиле речиси постојани звуци на „зуење“.

Ледената плоча која може да се спореди со големината на соединетата американска држава Тексас, која плови по Јужниот Океан, отворила нов простор за истражување и научниците се обиделе да објаснат зошто и како настануваат овие звуци.

Имајќи предвид дека звукот е нечуен за човечкото уво, тие овие ниски фреквенции ги приспособиле на оние кои сетилото за слух може да ги регистрира.

Експертите потоа во списанието „Геофизички истражувачки писма“ ги објавија сознанијата, заедно со аудио снимка на која може да се слушнат „звуците“ од арктичкото тло.

„Кога би можеле да ги слушнеме овие вибрации тие би биле слични на зуење што го произведуваат илјадници штурци кога ќе ги прекријат крошните и тревниците во текот на летото“, кажа Даглас Макајел, геолог на Универзитетот на Чикаго.

Научниците што ги проучуваат геолошките проблеми на ледените брегови објаснија зошто се создава овој звук.

Антарктикот се соочува со забрзано губење на масата, односно со топење на мразот и овие бариери го задржуваат околниот мраз на своето место, односно спречуваат негово неограничено слевање во океанот и кревање на неговото ниво.

Првичната цел на истражувањето била следење на промените на Росовата бариера под притисок на релативно топлиот воздух над површината и на морската вода која го црпи мразот одоздола.

Се смета дека вибрациите се создаваат поради силните ветришта кои дуваат преку снежните дини на површината на Росовата ледена плоча, и токму тие предизвикуваат вибрирање на мразот.