Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иако можеби многумина ќе очекуваат решение на некаква виртуелна мистерија или некоја друга занимација, за повеќето резултатот од пребарувањето ќе биде навистина глупав.
Имено, кога на пребарувачот од Google ќе го впишете бројот 241543903 и ќе одите на пребарувањето фотографии, ќе ви се отворат еден куп слики од луѓе кои своите глави ги имаат нурнато во фрижидер и многу мемиња со од таа тематика.
Мемот го иницираше во 2009 година Дејвид Хорвиц, уметник од Њујорк кој води и Tumbl корисничка сметка каде секојдневно на своите пријатели им дава најразлични идеи и „задачи“. Една од нив беше „да се фотографираат со главата во фрижидер и да ја означат фотографијата со бројот 241543903 “.
Од своите „совети“ издаде и книга, а на идејата за оваа бројка дошол кога на еден негов болен пријател му препорачал да ја нурне главата во фрижидер. Бројот е комбинација од серискиот број на фрижидерот и пакувањата со смрзнат стек кој ги чувал во истиот.