Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вчера во Нион се одржа ждребот за осминафиналето од Лигата на шампиони кој донесе многу возбудливи дуели и две големи дерби пресметки.
Сега сите ги анализираат паровите, прават анализи и предвидуваат кој ќе се пласира во четвртфиналето, а во фокусот се секако дуелите Реал Мадрид – ПСЖ и Барселона – Челзи, кои на хартија се најнеизвесни.
Медиумите на Островот во последните години користат „супер компјутер“, кој предвидува кој ќе биде елиминиран, а кој ќе се пласира во следната фаза.
Еве како изгледаат неговите предвидувања:
Реал Мадрид – ПСЖ (2:1), ПСЖ – Реал Мадрид (2:1) – „Кралевите“ се четвртфиналисти.
Челзи – Барселона (2:1), Барселона – Челзи (2:1) – Каталонците после пенали во четвртфинале.
Севиља – Манчестер Јунајтед (0:1), Јунајтед – Севиља (1:1) – „Црвените ѓаволи“ во четвртфинале.
Шахтар Доњецк – Рома (1:0), Рома Шахтар – Доњецк (1:2), патник во четвртфинале е Шахтар.
Јувентус – Тотенхем (2:1), Тотенхем – Јувентус (1:0) – Тотенхем во четвртфинале благодарение на гол во гости.
Порто – Ливерпул (1;2), Ливерпул – Порто (2;1), патник во четвртфинале е Ливерпул.
Баерн Минхен – Бешикташ (3:0), Бешикташ – Баерн Минхен (1:1), патник во четвртфинале е Баерн Минхен.
Базел – Сити (1:2), Сити – Базел (3:0), патник во четвртфинале е Сити.