Што табиет ќе беше: Во 78 години брачен живот ниту еднаш не ѝ рекол „те сакам“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мори и Бети Маркоф, кои имаат по 100 години и се во брак веќе 78 години, велат дека освен толеранцијата, почитувањето и среќата, не постои никаква посебна тајна на нивниот долг брак.

Сепак, Мори признава дека на Бети никогаш не и рекол: „Те сакам“.

– Немојте да дозволите приговарањата да се претворат во лутење. Треба толеранција, почитување и љубов. Мори никогаш не го користи зборот љубов. Но, однесувањето говори се, изјави Бети за „Обзервер“.

Мори објаснува зошто никогаш на неговата сопруга не ѝ рекол дека ја сака.

– Љубовта е посесивна и подразбира контролирњае. Наместо тоа би го користел зборот „грижа“, која за мене има многу подлабоко значење. Покажи дека ти се грижиш, објаснува Мори.

Тој додава дека луѓето ги користат зборовите „љубов“ и „сакам“ многу често, поради што тие го загубиле нивнотo изворно значење.

– Сакам да играм тенис. А Бети константно ја гушкам, константно ја бакнувам и многу се грижам за неа, рече Мори кој тврди дека денот кога ја сретнал Бети бил насреќен во неговиот живот.

Бети и Мори се запознале во 1938 година во Њујорк. Тие велат дека најчудна работа која им се случила е тоа кога гледале како децата им стануваат пензионери.

– Ова е многу ретко, свесни сме за тоа. Но, многу сме среќни. И најдобро што можеме да ви посакаме е нашата среќа, рече Мори.