„Што си направила од себеси“: Хурем ги шокираше обожавателите со својот изглед во Кан


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мегапопуларната турска актерка Мерјем Узерли, на нашите простори попозната како Хурем од серијата „Сулејман Величенствениот“, непријатно ги изненади своите обожаватели на социјалните мрежи со нејзиниот изглед на црвениот тепих во Кан.

Узер се пофали со фотографии и снимки од Канскиот филмски фестивал на нејзиниот Инстаграм профил, а обожавателите во коментари ја запукаа поради преголемиот број пластични операции кои веројатно ги има направено.

„Беше многу поубава претходно, без операции“, „Лицето ти изгледа чудно“, „Боже, што си направила со усните“, „Премногу ботокс. Зошто?“, „Беше прекрасна“, „Остави ги лицето и телото на мира. Беше прекрасна, сега изгледаш вештачки и пластично“, беа само многу мал дел од лавината коментари со кои ја опсипаа обожавателите.

Мерјем е мајка на четиригодишната ќеркичка Лара, која ја доби со 17 години постариот бизнисмен Кан Атес. Меѓутоа, Кан не сакаше актерката да го задржи и роди детето, бидејќи сметаше дека тоа ќе ја уништи нивната врска. Мерјем поради тоа западна во депресија и ја напушти Турција, повлекувајќи се од  јавниот живот.

Денес е самохрана мајка и на социјалните мрежи редовно објавува фотографии заедно со нејзината ќерка.