Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во кинескиот град Вухан, од каде официјално почна да се шири коронавирусот на сите страни од светот, ненадејно бројот на смртни случаи од вирусот преку ноќ се зголеми за дури 50 отсто, пренесе „Ројтерс“.
На бројката од 2.579 денеска додадоа уште 1.290 смртни случаи. Со ова вкупниот број на починати од коронавирус на ниво на Кина достигна бројка од 4 632.
Ревизијата на бројките следува откако изминатиот период Кина беше мета кон која се упатуваа критики и сомнежи дека не го покажува вистинскиот број на мртви.
„Во раната фаза на појавата на вирусот, поради ограничениот болнички капацитет и недостатокот на медицински персонал неколку здравствени институции не успеаја навреме да се поврзат со локалните системи за контрола и превенција на болеста, што резултираше со задоцнето пријавување на потврдените случаи и грешки при броењето на пациенти“, изјавил претставник на Вухан за националниот кинески радиодифузен сервис.