Advertisements
Актуелно

Што се случува? Во Македонија уапсени 20 припадници на ИСИС!

Полицијата уапсила околу 20 припадници на ИСИС, на кои им е определен притвор, јавува порталот 24 Инфо.

Според неофицијални информации, порталот објави дека полициската акција била изведена утрово околу 5 часот во повеќе градови во земјава, а запленето е големо количество на пешадиско оружје.

МВР вечрва излезе со соопштение дека бил спречен терористички напад од припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, а по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја.

По МВР се огласи и амбасадата на САД, од каде преку соопшение ги предупредија своите граѓани да бидат внимателни поради можен терористички напад во Северна Македонија.

Еден час по соопштението на МВР, американската амбасада во Скопје издаде безбедносно предупредување до своите државјани кои престојуваат во Македонија да бидат внимателни.

-Постои зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија, во Северна Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичката идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјаните на САД во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи за таргетирање на групи луѓе на јавни места, вклучително и со користење на пиштоли, возила и остри предмети., соопштуваат од амбасадата на САД во Скопје.

-Терористичките напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без никакво предупредување, а граѓаните на САД треба одржуваат високо ниво на претпазливост. Екстремистите повеќе се стремат кон изнаоѓање и напади врз “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, верски објекти, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации , празници, славенички собири итн.), објавено е на сајтот на американската амбасада со 5 совети за американските државјани.

МВР претходно објави за спречен терористички напад, но без никакви детали за она што е најдено и дали има приведени. Според сознанијата на Телма, попладнево имало итен повик од амбасадата на САД до скопската противпожарна бригада.

Advertisements
To Top