Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Миланскиот гигнат Интер има сериозни проблеми во соблекувалната, откако неколку фудбалери јавно побараа да го напуштат клубот.
Директорот на „нероаѕурите“ Бепе Марота јавно потврди дека Иван Перишиќ побарал трансфер од раководството и сака да го напушти Интер.
Проблем е што за него нема конкрентни понуди во моментов, а Интер не сака да го пушти на позајмица, па голема е веројатноста да остане на „Џузепе Меаца“ и да биде надвор од тимот.
Последните информации од Апенините се дека Хрватот не е единствен кој го покажал своето незадоволсво. Имено, Весино и Кандрева не се задоволни од својот статус и сакаат да ја променат средината.
Ова е голем проблем за Интер на само три дена пред затворање на преодниот рок, бидејќи нема да има време да најде адекватни замени.
Поради тоа голема е веројатноста незадоволните фудбалери да останат во Милано, што ќе биде контрапродуктивно за целиот тим.
#Vecino può lasciare l'#Inter: proposta allettante per l'uruguaiano, no ai prestiti di #Candreva e #Perisic 🛑https://t.co/doV2kPxAoA
— GOAL Italia (@GoalItalia) January 29, 2019