Што се случува со Бинг Бинг: Најславната кинеска актерка како да ја голтна земја


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кинеската актерка Фан Бинг Бинг, моментално најпопуларната и најплатена актерка од Кина, а и една од петте најплатени во Холивуд, како да пропадна в земја. Од неа нема ни трага, ни глас, па дури и нејзиниот вереник ги избриша сите нејзини фотографии.

Актерката Фан Бинг Бинг, која е петта најдобро платена филмска ѕвезда, ваднаш зад Џенифер Анистон и пред Шарлиз Терон, исчезна од јавноста пред два месеца. Тогаш избил скандалот со актерите во Кина, кои не ги пријавувале сите свои приходи.

Тогаш преку своето студио, Бинг Бинг ги отфрли обвинувањата. Дури и деталите околу оваа објава се сомнителни зашто во неа се вели дека актерката е „ставена под контрола и ќе се соочи со законската пресуда“. Но, оваа објава набргу беше отстранета, а избришана е и од сите медиуми и социјални мрежи каде што се појавила.

Во меѓувреме од славната актерка се дистанцираа и компаниите и брендовите, а нејзиниот вереник ги избришал сите нејзини фотографии и објави за неа од својот профил. За тоа време, никој не знае што се случило со најславната кинеска актерка, која беше редовен гостин на сите големи филмски фестивали во светот.

Според некои шпекулации, Фан е тргната бидејќи станала премногу популарна и влијателна за вкусот на владејачките структури во Кина.