Што се случува? Ракитиќ би можел да ја напушти Барселона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако Луис Енрике го изостави од списокот на играчи кои конкурираат за вечерашното дерби на Ел мадригал, со сигурност може да се каже дека Иван Ракитиќ поминува низ најтешкиот период од својата кариера во Барселона.

И додека во претходните две сезони беше неизоставен член на почетниот тим на Блауграна, хрватскиот репрезентативец последниве седмици падна во сосема друг план.

Така Ракитиќ уште од Ел Класико нема одиграно ниту една минута во Ла Лига. Не играше против Осасуна, Еспањол, а нема да игра ни вечерва, додека настапи во двата меча од Кралскиот куп (против Херкулес и Атлетик Билбао).

Освен што Енрике се помалку го внесува во првиот тим, Ракитиќ е незадоволен и поради изјавата на претседателот на Барселона, Бартомеу, кој рече дека Енрике го казнува поради послабите претстави во последно време.

Спортските аналитичари сметаат дека плејмејкерот е во втор план и бидејќи Енрике ’мора’ да го форсира скапо платениот Гомес, бидејќи клубот смета дека Португалецот мора да ги оправда големите пари кои се издвоени за неговиот трансфер, а во комбинација се повеќе се наметнува и младиот Денис Суарез кој треба да биде иднината на клубот по пензионирањето на Иниеста, пишува Спортски.мк.

Сето ова ги наведе шпанските медиуми на написи за можно заминување на Ракитиќ од Барселона, како логичен епилог од целата ситуација. Сепак, дали статусот на Хрватот ќе се подобри или ќе мора да бара нова средина, останува да видиме.