Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Намалувањето на дебелината на ледената покривка на Земјата дефинитивно е најексплицитниот и најеклатантен пример и показател за огромното влијание на климатските промени.
Група научници од Нов Зеланд одлучија да одат под површината на мразот и одблиску да ги набљудуваат екстремните промени во природата.
Обидувајќи се да дознаат што се случува под ледената покривка на Антарктикот, научниците ископаа дупка длабока 300 метри и спуштија камера во неа.
Истражувачите соопштија дека податоците покажале дека океанот денес е потопол во однос на 1970 година, кога се вршени последните мерења.