Вебкафе

Што се мистериозните сигнали од вселената кои ги фатија научници во Канада?

Астрономскиот научен тим го објави своето истражување за мистериозни радио-бранови од далечните галаксии во вселената кои ги фатија преку телескоп во Канада.

Потеклото на шокантни сигнали сè уште не е познато. Меѓу 13 интервали на брзи радио бранови (ФРБ), се повторувал еден многу необичен сигнал, кој потекнувал од ист извор оддалечен од нашата планета околу 1,5 милијарди светлосни години.

„Сега кога воочивме уште еден ФРБ сигнал, можеме да претпоставиме дека во вселената ги има повеќе“, истакнала астрофизичарката Ингрид Стаирс од Универзитет Бритиш Колумбија.

„Со повеќето повторувања и изворот кои можеме да ги проучуваме, можеби ќе успееме да ја решиме оваа космичка загатка, од каде доаѓаат тие сигнали и што ги предизвикува“, дополнила астрофизичарката.

Телескопот CHIME (Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment) кој се наоѓа во долината Оканаган во Британската Колумбија, Канада, се состои од четири полуцилиндрични антени. Секоја е долга по 100 метри, а со овие антени може да се проучува целото северно небеско подрачје.

Овој телескоп започнал со работа минатата година и веќе детектирал 13 радио бранови од космосот.

Најпопуларно

To Top