Што се „мати“ во Собрание: Службите одбиваат да ги групираат амандманите – Законот за јазици „на почек“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што пренесува ТВ 24 според нивни собраниски извори, собраниските служби одбија да ги групираат илјадниците амандмани за Законот за јазици.

Истите извори тврдат дека Собрансиките служби ја известиле заменичката генерален секретар на Собранието Маријана Кацарска дека немаат намера тие да ја преземат одговорноста и да ги групираат 35 569 амандмани на ВМРО – ДПМНЕ за Законот за јазици.

„Немаме воопшто намера ние да влегуваме во тоа и потоа ние да бидеме виновни и врз наш грб да се прекрши се, ја известивме заменичката генерален секретар дека немаме намера да ги групираме амандманите, ниту пак да преземеме одговорност“, изјави за ТВ 24 службеник од собраниските служби.

Генералната секретарка Цветанка Иванова тврди дека работата си тече, без никаков проблем, според Деловникот на Собранието.

Спикерот Талат Џафери не знае кога повторно ќе се разгледува Законот за јазици. На брифинг со новинарите кажа дека досега се преведени половина од амандманите поднесени од ВМРО- ДПМНЕ. Се надева на политички договор меѓу партиите и повлекување на амандманите за кои рече дека имаат само политичка цел да се блокира законот.

За него не е исто кога читал поезија и молчел на собраниска комисија, бидејќи смета дека Собранието го донело Законот за јазици, а тој e вратен е само на доработка.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека дека Законот ниту е донесен ниту некој може да спречи амандманска расправа бидејќи тоа би значело уривање на демократијата. Поднесовме амандмани за да ја развиеме свеста кај власта, оти за Законот за јазици е потребен општествен, а не политички консензус.

ВМРО- ДПМНЕ поднесе 35 илјади амандамни за Законот за јазици. Законот се врати во собраниска процедура откако претседателот Иванов не го попитшан указот за негово прогласување.