Што се добива кога ќе искомбинирате Fiat Cinquecento и Kawasaki Ninja? (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Малиот градски автомобил Fiat Cinquecento, редезајниран во ентериерот и направен со единечно седиште, беше искористен како основа за интересен и несекојдневен авто-мото проект.

Во малиот автомобил Fiat Cinquecento од 1995 година беше вграден мотор од бесниот мотоцикл Kawasaki Ninja ZX-14R од 2012 година.

Со ваквата надоградба и модификација, малиот Cinquecento сега може да развие брзина од неверојатни 250 километри на час. Колата во кабината има само едно седиште, а погонот е на задните тркал, преку затворач на диференцијалот и секвенцијален менувач.

Позицијата на возачот е поставена на средина во кабината, каросеријата е значително зголемена во неа има поставено заштитен кафез и се останато потребно за трката во рамките на проектот.