Што сака да ви каже кучето: Научете да ги разбирате најчестите тајни знаци кои ви ги праќа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Секој човек кој има миленик, посебно куче, сигурно барем еднаш се запрашал што сака да му порача тоа кога истото ќе се преврти на грб или ќе ги исправи ушите. Има толку многу мали знаци кои вашиот миленик ви ги праќа и комуницира со вас преку нив, што би било добро да ги разбирате барем оние најчестите кои ги користи.

Разбирањето на говорот на телото од кучето е стремеж на секој сопственик на таков миленик, кој сака подобро да ги разбира потребите од своето куче и сака да изгради подобра однос со него. Ови 16 најчести мали знаци би можеле да ви бидат од помош да научите како да се поставите во секоја ситуација.

Ниско мавтање со опашот

Ако полека мавта со опашот, кучето не разбира што сакате од него и бара одговор од вас. Ако мавта забрзано, ви дава до знаење дека вие сте главни во ситуацијата.

Високо мавтање со опашот

Кучето се препира со вас и го предизвикува вашиот авторитет бидејќи мисли дека тоа е главно.

Опаш подвиен меѓу нозете

Кучето е исплашено, се плаши од нешто или чувствува нешто непријатно. Ако нема видливи причини така да се чувствува, препорачливо е да го одведете на преглед.

Широко отворени очи

На овој начин кучето бара внимание, ве предизвикува и сака да му се посветите.

Стискање на очите и трепкање

Тоа значи дека е спремно за игра. Ако пречесто ги стиска очите, одведете го на ветеринар бидејќи тоа може да е знак дека нешто го боли.

Исправени уши благо навалени напред

Кучето е љубопитно и реагира на новостите во својата околина.

Провиснати уши

Тоа е знак дека нешто го боли. Се случува кучето да го провисне само едното уво, најчесто левото. Така реагира на непознати луѓе од кои се плаши.

Проѕевање

Кучето веројатно е нервозно и лошо расположено. Кученцата често се проѕеваат кога ќе им се приближи непознат голем пес. Ако забележите дека вашето милениче се проѕева откако ќе види дека вие го правите тоа, значи дека е силно приврзано кон вас.

Оближување

Ако не гледа храна во близина, тоа значи дека кучето е под стрес или чувствува притисок или опасност.

Покажување заби без ’ржење

Вака вашето куче ја штити својата територија. Најчесто тоа го прави додека јаде.

Превртување на грб и покажување на стомакот

Тоа е знак дека ви верува и сака да ви угоди. Почешкајте го по стомакот кога ќе направи вака, бидејќи на тој начин му давате до знаење дека сте задоволни од неговото однесување.

Положување на главата на коленото од сопственикот

Вака кучето бара внимание и покажува дека има потреба од вас. Ако со муцката ја допира вашата рака, сака да го погалите.

Ставање на шепите врз коленото од сопственикот

Ако го прави ова со остар поглед, кучето сака да доминира. Во тој случај загледајте се право во неговите очи и полека спуштете му ја шепата.

Дигање на една шепа

Ако, додека седи, ја подигне едната од предните шепи, значи дека кучето сака да праша нешто. Или е гладно или сака да си игра. Понекогаш тоа го прави кога ќе забележи нешто интересно.

Вртење грб кон сопственикот

Едноставно кажано, ова е знак дека кучето во целост ви верува.

Тресење

Кучето може да се треси кога сака да отстрани нешто од себе. Ако не е мокро или валкано, на овој начин се ослободува од стресот.