Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дали некогаш сте забележале дека ги користите оние испробани и тестирани фрази? Можеби е време да застанете затоа што постојат некои работи што никогаш не треба да му ги кажете на вашето дете, пишува порталот Деца.мк.
Ако навистина ме сакаш…
Чувството на вина е нормална човечка емоција, но чувството на вина на вашето дете за неговата љубов кон вас не треба да биде нешто што ќе се користи против него. Всушност, оваа фраза честопати може да ја уништи љубовта што детето ја има кон родителот бидејќи ќе го натера да се запраша дали врската што ја има со родителот е предизвикана од одредени активности. Експертите веруваат дека е подобро кога децата знаат дека се безусловно сакани.
Оди во твојата соба
Оваа фраза можеби е честа во многу семејства во текот на детството, но време е да престанете да ја користите. Тајмаут е она што е потребно за едно дете да размисли за своето однесување и за она што го направило. Но, со оваа фраза му давате шанса на детето да се опкружи со своите омилени играчки. Сигурно дека нема да размислува за сопственото однесување таму.
Зошто не можеш да бидеш како…?
Споредбата на детето со брат/сестра или другарче можеби ви изгледа како лесен начин да го насочите фокусот на неговото однесување. Но, како резултат можете да предизвикате голема штета. Ова може да доведе до ривалство меѓу сестрите/браќата и другарчињата. Наместо да ги споредувате, подобро е да тие да работат заедно и да ја истакнат нивната индивидуална силна страна над слабостите што ги имаат.
Направи го ова или…
Ова е фраза што често се смета за закана. Секако, многу родители ја кажуваат кога се лути, но што всушност значи? Последиците функционираат подобро ако се насочени кон однесувањето на детето отколку да ги натерате да се плашат. Плус, зборчето „или“ ги тера децата да се прашуваат што ќе се случи.
Ти си лош
Не многу од нас сакаат да слушнат дека се лоши, а истото важи и за децата. Понекогаш нивните постапки може да ги направат да изгледаат како лоши, но најдобро е овие мисли да си ги задржиме за себе ако сакаме да избегнеме проблеми на долг рок. Подобар начин за справување со ситуацијата? Со кажување дека нивното однесување е лошо, а не тие.
Зборовите се паметат цел живот, па избегнувањето на овие фрази може да доведе до многу поздраво детство.
Извор: Деца.мк