Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Мерелизе ван дер Мерве од Јужноафриканската Република ја навреди и разгневи јавноста со објавата на Фејсбук.
Нејзиниот сопруг оваа година за Денот на вљубените и подарил да улови машка жирафа. Тој платил околу 2 илјади долари за тој подарок, а таа вели дека го чекала пет години. „Мојот сопруг знаеше дека тоа е мојот сон“, додава таа.
Откако го застрелала животното, ѝ го извадила срцето и се фотографирала. „Дали некогаш сте се запрашале колку е големо срцето на жирафата? напишала покрај фотографијата и наскоро собрала над 1.600 коментари, главно негативни.
Луѓето се згрозени од нејзината постапка. „Изгледа толку среќно, веројатно има некои ментални нарушувања“, „Бидејќи многу сака животни, треба да оди во џунгла и да ја прегрне лавицата со своите новородени младенчиња“, и напишале тие.
Сепак, Мерелизе не гледа никаков проблем во тоа, туку ги нападнала активистите за правата на животните. „Немам почит кон нив, јас ги нарекувам мафија“, рече таа, пренесе Мирор. Мерелизе, која инаку поседува фарма на цитруси во провинцијата Лимпопо во Јужна Африка, вели дека жирафата фатена тој ден создала работа за 11 лица и многу месо за локалното население.
„Ако са се забрани ловот, животните ќе станат безвредни и ќе исчезнат. Ловот помага да се зачуваат многу видови од работ на истребување. Единствените луѓе што ги бранат се ловците на трофеи”, тврди оваа контроверзна жена.
„Некој што ќе убие друго суштество од задоволство, ќе му го исече срцето и така се фали, совршено одговара на дефиницијата социопати“,е коментарот на Елиса Ален од ПЕТА. Оваа организација со години се занимава со прашањето за Мерелиза ван дер Мерве. Мерелизе често се фали со тоа на својот Фејсбук профил.
Нејзината објава на Фејсбук крена голема прашина, а веќе се покренати разни петиции на граѓаните за истражување на нејзините постапки.