Што не е во ред: Фановите го критикуваа Џејми Оливер за фотката со синчето


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славниот британски готвачки шеф, Џејми Оливер, се најде на мета на добронамерна критика од бројните фанови откако на Инстаграм објави наизглед идилична фотографија на која се неговата сопруга Џулс со синчето Ривер.

Џулс го држи во раце, поточно во нашироко популарниот „кенгур“ за деца, малиот Ривер облечен во топла облека, но многу фанови забележаа дека положбата на детето може да биде штетна за него.

A photo posted by Jamie Oliver (@jamieoliver) on

„Џејми, прекрасна фотографија, но како што ти светот го едуцираш за храна, дозволи и ние да те едуцираме за правичен начин држењето бебе во носиката (кенгурот). Бебето во неа мора да биде свртено кон мајката и ножињата треба да му бидат раширени како на жапче. Панелот од ваквите носилки е претесен, па сета тежина од бебето паѓа меѓу неговите ножиња и тоа му штети на колковите и половината“, беше само еден од бројните коментари кои му ги пишаа на славниот готвач фановите.

Иако некои коментираа дека на бебенцето нема да му биде ништо и дека изгледа сосема задоволно, со критиката од фановите се согласува и британскиот National Childbiirth Trust.

„Носењето на бебето свртено нанапред не е препорачливо, бидејќи носилката во тој случај ја присилува половината од бебето да се свие навнатре, а нозете висат без адекватната потпора. Тоа воедно значи  дека сета тежина од бебето паѓа на неговите препони, наместо да биде распоредена на газето и бедрата“, стои во препораката од NCT.