Што направи германскиот космонаут Герст кога забележа дупка на вселенското летало?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако минатата недела било забележано евидентно паѓање на воздушниот притисок во Меѓународната вселенска станица, астронаутите утврдиле дека причината за тоа е пукнатина направена на телото од вселенското летало.

Дупката се појавила на руското летало Сојуз , со која биле донесени руски космонаути. Германскиот космонаут Александар Герст скокнал на помош и ја затворил дупката со сопствениот прст, додека не се најде потрајно решение. Космонаутите импровизирале и леталото вредно милијарди го закрпиле со гумена тапа направена од леплива трака , газа и средство за бричење.

Се појавија и теории за намерна саботажа на леталото од некој космонаут кој можеби сака порано да се врати дома.

Додека не била забележана пукнатината, космонаутите изгубиле воздух доволен за 18 дена престој во Вселенаската станица. Руската вселенска агенција Роскосмос поведе истрага за случајот и за сега сметаат дека пукнатината можеби постоела на леталото уште кога било на Земјата.

Во НАСА не даваат изјави и ги упатуваат прашањата кон Русија.