Што му се случи на Челзи? Немања Матиќ!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец Фил Невил смета дека одлуката Челзи да му го продаде Немања Матиќ на Манчестер Јунајтед е една од најлошите кои го видел во животот.

Актуелниот англиски шампион игра лошо во Премиер лигата и ЛШ, а последниот тежок удар го доби синоќа откако беше декласиран против Рома.

„Што му се случи на Челзи? Само еден збор: Матиќ“, тврди Невил.

„Едноставно е, неговата продажба во Манчестер Јунајтед беше голема грешка. Тие кои одлучиле да го продадат Матиќ треба да добијат отказ. Тоа е една од најлошите одлуки во историјата на Премиер лигата“, заклучи Невил.

Челзи после девет кола се наоѓа на 4-то место во Премиер лигата со 9 бода помалку од лидерот Манчестер Сити.