Што му порача Георгина на Роналдо откако беше обвинет за силување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако 34-годишната Катрин Мајорга од Лас Вегас го обвини Кристиано Роналдо за анално силување, на Инстаграм се огласи и вереницата од славниот фудбалерски ас, Георгина Родригез.

Мајорга тврди дека силувањето се случило на 12 јуни, 2009 година, во апартманот од Роналдо во хотелот „Palms“ во Лас Вегас. Таа го обвинува Роналдо дека ја присилил на анален секс, а во замена за нејзиниот молк наводно ја искеширал со 375.000 долари откако било утврдено дека е силувана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Роналдо ги отфрла таквите обвиненија, нарекувајќи ги лажни вести и тврди дека е среќен човек. Полна поддршка има и од неговата партнерка Георгина Родригез, која во саботата го следеше од трибините на натпреварот против Наполи. Освен тоа, таа јавна поддршка му изрази и преку Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

„Препреките пред себе секогаш ги трансформираш во импулс и сила, да покажеш колку си голем. Фала ти што поради тебе уживаме во секој натпревар. Секогаш повеќе и подобро. Те сакам“, му порача Георгина на Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Јувентус одби да ги коментира наводите од Der Spiegel кои го обиколија светот, а адвокатот од Роналдо вели дека од нив ќе бара обештетување за „морална штета“ и тврди дека станува збор за најсериозното кршење на правата на неговиот клиент во последните неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Уредникот на Der Spiegel, Алфред Вајнцерл, за Ројтерс изјави дека неколку пати го контактирале менаџментот од Роналдо пред да ја објават веста. „Им праќавме прашања на кои не добивавме одговори. Никој не нè тужеше за претходните вести и приказни за Роналдо“, вели тој.

Во меѓувреме, CNN објави дека Мајорга и официјално поднела тужба против Роналдо.