Home Наука и техонологија Што мислите за новиот SUV на Jaguar со „дреч“ зелена боја?

Што мислите за новиот SUV на Jaguar со „дреч“ зелена боја?

Со изразено јарка зелена бојка, многу поголеми тркала од нормално, нивот модел на SUV од производствената линија на Jaguar, доби повеќе негативни од позитивни критики за дизајнот и изгледот.

Нападно зелениот SUV на Jaguar, кој има 32-инчни тркала навистина привлекува внимание, но ретко кој ќе даде афирмативно мислење дека трансформацијата на ова возило е успешна.

Учесниците на шоуто на класичните автомобили во американскиот град Орландо беа заинтересирани само за да видат како е преобразен овој SUV, но ретко кој даде позитивен коментар.

Познавачите го препознаа дека истиот Jaguar F-Pace SUV претходно имал силна црвена боја и бил изложен во ноември минатата година во Орландо, Флорида.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…