Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меланија Трамп му е трета сопруга, а овие негови ставови можеби се причината зошто
неговите бракови не траат долго. Иако од време навреме знае да изненади со некоја романтична изјава за бракот Доналд Трамп во најголем дел од времето не е пример за добар сопруг.
Тој често покажува непочит кон својата сопруга Меланија, со која е во брак од 2005 година. Таа е негова трета сопруга.
Првиот брак му беше со Ивана Зелничкова од 1977 до 1992 година, вториот со Марла Мејплс од 1993 до 1999 година.
Претседателот на САД во текот на годините ги даде овие совети за бракот:
„Ако не сака да потпише предбрачен договор, таа не е жената за тебе“
Трамп изјави дека е навистина тешко да ја известите вашата идна сопруга, која ја обожавате дека сакате да потпише предбрачен договор, но таа треба да ве разбере и со тоа да покаже дека нема нечесни намери кон вас.
„Заминете си од неподносливите жени кои постојано нешто негодуваат“
Трамп изјави дека тој не е од оние луѓе кои веруваат дека во секоја ситуација работите ќе испаднат во ред на крајот. Тој вели дека успешен човек дома треба да има сопруга која ќе го разбира, а не која постојано ќе негодува нешто. Ако има постојани поплаки од една страна, мора да се стави крај на бракот.
„За да избегнете несогласувања само кажете ѝ на вашата жена што да прави“
Во гостувањето во шоуто на Опра во 1988 година Трамп изјави дека нема кавги со неговата тогашна сопруга Ивана затоа што тој ѝ кажува што да прави.
„Немој да правите грешка и на вашата сопруга да ѝ дадете одговорности во вашиот бизнис“
Трамп изјави дека грешка во првиот негов брак била тоа што ѝ дал преголема одговорност на неговата сопруга Ивана во еден од неговите бизниси и со тоа ја тргнал од посветеноста на улогата на сопруга.Кога ќе дошол дома наместо зборување за релаксирани теми, повторно добивал разговор за работа.
„Пристапете му „лабаво“ на татковството“
Трамп смета дека таткото треба да обезбеди финансиски средства за детето, а мајката да се грижи за него. Тој не менува пелени и не сака да „се однесува како жена“.
„Размислете за отворен брак“
Трамп често размислувал на своите сопруги да им предложи отворен брак, но вели дека не се осмелил да го стори тоа.
„Не дозволувајте ѝ на сопругата да ве убеди да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот“
Сопругите сакаат да минувате повеќе време со нив, но сакаат и уживање во материјални добра, а до тие не се доаѓа ако секој ден сте во 17 часот дома.
„Слушнете го советот на сопругата, а потоа игнорирајте го“
Трамп вели дека слуша и разбира што му вели сопругата Меланија, но ако тој смета дека нешто е правилно сепак прави по свое и не го зема предвид нејзиното мислење.