Што ќе се случи со Џака? Тројца соиграчи го посетија во неговиот дом


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака ги поминува своите најлоши денови откога пристигна во Арсенал.

Џака пред месец дена беше избран за нов капитен на Арсенал, но тогаш се тргна во погрешна насока. Швајцарецот не игра баш добро и поради тоа навивачите му го завртија грбот бидејќи веруваат дека тој не би требало да ја добие капитенската трака.

Големиот скандал се случи во неделата кога навивачите почнаа да го исвиркуваат капитенот. Џака го фрли дресот, а притоа и со пцовки ги провоцираше фановите, и тоа нема да остане неказнето.

„Дејли Мејл“ пишува дека синоќа тројца фудбалери на Арсенал биле да го посетат Џака во неговиот дом и да разговараат со него бидејќи знаат дека е разочаран и тажен поради свирежите кои ги доби.

Сеуште не е познато дали Џака ќе остане капитен на Арсенал, а нејасна е и неговата иднина во клубот за што ќе одлучува управата.