„Што ќе речат за тебе?“: Новата реклама на Nike мора да ја погледнете


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Компанијата за спортска опрема Nike сними нова реклама во која се фокусира на спортистките од арапскиот свет, а целта е да се разбијат ставовите и табуата за тоа дека жените треба да се грижат само за домаќинството.

Во „Што ќе речат за тебе“ говори женски глас, а насловното прашање е она со кое се соочуваат голем број жени за време на растењето во конзервативни средини. Рекламата е снимена во предградието на Дубаи, а се однесува на жените од тамошниот поширок регион.

Во рекламата се појавуваат успешни арапски спортистки како боксерката Арифа Бсеисо, лизгачката Захра Лари и други.