Што ќе одбере Иванов – „доживотна пензија“ или се враќа на професорската функција?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдоцна за десет дена, претседателот на Република Северна Македонија во заминување, Ѓорге Иванов, мора да ја напушти претседателската вила на Водно.

Иванов се всели во претседателската водњанска резиденција во 2009, а по десет години кој ќе го замени ќе биде извесно по изборите в недела. Но, она што се уште е непознато за јавноста е како универзитетскиот професор со потекло од Валандово ќе го продолжи својот ангажман.

Дали ќе се врати на професорското место на Правниот факултет, ќе продолжи да работи на друго место или пак ќе се пензионира?

Засега единствено од Владата потврдија дека Иванов се интересирал колку изнесува годишниот буџет за поранешен претседател на државата, и дали може да се подготви за селидба.

Од претседателскиот кабинет нема одговор кои привилегии ќе ги побара Иванов, ниту дали ќе се пензионира или ќе се врати на професорската функција.

Од буџетот за 2019, за институцијата Претседател на државата се предвидени нешто над 81 милиони денари.

Па ако се одлучи да се пензионира и да отвори канцеларија, како и што се интересирал во владината служба за општи и заеднички работи, на Иванов годишно ќе му стојат на располагање околу 6 и пол милиони денари или над 100 илјади евра.

Според Законот за правата на Претседателот на државата, по престанување на функцијата има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима Претседателот на државата.

Потоа има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.