Што ја натера Викторија Бекам да ја отстрани тетоважата посветена на Дејвид?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако пред извесно Дејвид Бекам јавно изјави дека понекогаш е тешко да се живее со Викторија, сè посилни се шпекулациите за криза во нивниот брак.

Иако имаат четири деца, важат за еден од постабилните славни брачни парови кој своевремено го преброди и неверството од Бекам, имаат планетарно успешни кариери, сепак, дека не е се така идеално зборуваат и гласините кои се појавија пред неколку месеци.

Парот наводно не се согласува баш најдобро, а креаторката Викторија Бекам се одлучила во целост да ја избледне тетоважата која ја посвети на сопругот Дејвид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WWD (@wwd) on

Натписот на хебрејски „Му припаѓам на својот сакан, а мојот сакан ми припаѓа мене“ Викторија некогаш гордо го истакнуваше на својот врат.

Последната фотографија покажува дека таа толку многу ја избледнела тетоважата што таа одвај се покажува.

Викторија во 2015 година наводно започнала третман на ласерско отстранување на тетоважа па јасно е зошто останала само во бледи траги.