Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Канадската пејачка Грајмс и технолошкиот иноватор и милијардер Илон Маск во понеделникот го добија своето прво заедничко дете.
Маск најпрво го најави раѓањето на детето во коментарите на написот за електрични возила. Потоа објави фотографија од себеси со бебето облечен во маичка „Окупирај го Марс“ , а излезе и една фотографија на бебето преку филтер за тетоважа.
Потоа, на прашањето како се вика бебето, тој даде одговор за многумина звучи како автоматски генерирана шифра , X Æ A-12 Musk, што предизвика лавина од мемиња на социјалните мрежи.
•X, the unknown variable ⚔️
•Æ, my elven spelling of Ai (love &/or Artificial intelligence)
•A-12 = precursor to SR-17 (our favorite aircraft). No weapons, no defenses, just speed. Great in battle, but non-violent 🤍
+
(A=Archangel, my favorite song)
(⚔️🐁 metal rat)— ꧁ ༒ Gℜiꪔ⃕es ༒꧂ 🍓🐉🎀 小仙女 (@Grimezsz) May 6, 2020
Додека, за Маск, многумина не се сигурни дали се шегува во негов стил или е сериозен, се чини дека момчето навистина го добило тоа име, што вчера го потврди Грајмс на Твитер објаснувајќи што значи секој дел од името.
Пејачката вели дека Х е непозната променлива, зборот АИ е ознака за вештачка интелигенција , додека А-12 е наводно нивниот омилен авион.
„Без оружје, само одбрана, само брзина. Одлично во борба, но не и насилно“, напиша Грајмс.
Пејачката додаде и дека А се однесува на архангел, кое е и име на нејзината омилена песна.
Многумина на социјалните мрежи сè уште се збунети и сè уште се прашуваат дали парот се шегува со сите или дали навистина му го дале на својот син тоа име, а некои се шегуваат за тоа како се изговара.