Што им е поважно на мажите од сексот?

Што им е поважно на мажите од сексот?

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Верувајте ни, постои такво нешто! Иако постои стереотип, кој тешко се отфрла, дека сите мажи имаат само едно нешто во главата кога се во прашање жените, овој терапевт го докажал спротивното.

Мажите не ги интересира само сексот (иако во некои ситуации не размислуваат како што треба) и може да се каже дека се и многу емотивни, но тоа нема отворено да го признаат и покажат.

Веројатно ќе се изненадите кога ќе го прочитате ова, но нежните допири, полни со емоции, им се поважни на мажите отколку сексот. Не е важно дали ќе му кажете нешто, ќе шепнете, ќе молчите, ќе го погледнете или ќе кривогледате – тие уживаат во благи допири и галење, бидејќи тоа ги опушта и им дава до знаење дека се прифатени и дека се чувствувате безбедно кога сте со нив. На овој начин едноставно му покажувате дека навистина го сакате и дека секогаш ќе ја има вашата поддршка. А како може вакво нешто да биде поважно од сексот?!

Затоа следниот пат кога ќе знаете, галете му го лицето и погледнете го заљубено, а срцето ќе му биде полно, иако можеби нема да ви го покаже тоа поради познатата „алфа – машка“ фасада што ја имаат повеќето мажи.