Што ги поврзуваше Сузана Манчиќ и „Принцот на белградскиот асфалт“ Кнеле?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кога ќе се спомене името на убиениот белградски деликвент и жесток играч од белградскиот асфалт и српското мафијашко подземје, Александар Кнежевиќ Кнеле, веднаш на ум паѓаат бестрашност, бескомпромисност и безмилосност.

Кнеле беше предводник на таканаречената белградска „дизел генерацијата“, честопати нарекуван „Принц на белградскиот асфалт“. Во зенитот на неговата моќ, доминација и криминална активност во Белград, Кнеле наводно имале една опсесија која не му припаѓала нему, туку на тогашната лото девојка и пејачка Сузана Манчиќ.

Станува збор автомобилот „Порше“ кој тогаш го поседувала Манчиќ. Со години се шпекулирало дали на крајот го украл од лото девојката, а неговата голема љубов конечно ја открива вистината по повеќе од 20 години.

Како што се зборуваше, првиот сопственик на автомобилот бил Влада Ковачевиќ Треф, а следна сопственичка била лото девојката Сузана Манчиќ. Оддамна кружеле прикани низ Блград дека Кнеле го обожава тој автомобил и само било прашање на ден кога ќе се реши да и го земе на презентерката.

Сепак, неговата поранешна девојка и најголемаљубов конечно го негираше тоа.

„Не е точно дека Кнеле го украде автомобилот на Сузана! Јас бев со него кога го купи од нејзиниот маж, на „Бубањ Поток“, објаснува таа на Фејсбук страницата „Легендите на деведесеттите“.