Home Љубов и секс Што е всушност анален ботокс и дали може да го подобри вашиот сексуален живот? Експертите велат ДА!

Што е всушност анален ботокс и дали може да го подобри вашиот сексуален живот? Експертите велат ДА!

Ова е идеален третман за жени кои се соочуваат со анксиозност кога станува збор за сексуалните перформанси.

Како што веќе веројатно знаете, филерите за пенис се тема што предизвикува вистинска бура во машкиот свет, каде сè поголем број мажи се одлучуваат за овој третман со цел да го подобрат својот „алат“ за страствени моменти со своите партнерки. Сега, аналниот ботокс станува сè попопуларен, особено поради новата Нетфликс серија Uncoupled.

Според аналниот хирург д-р Еван Голдстин, аналниот ботокс е метод со кој се унапредува искуството при аналниот секс преку медицинска интервенција и всушност претставува рутинска процедура, иако досега не бил во фокусот на јавноста. Ако размислувате за оваа постапка, нема простор за срам, особено ако го вреднувате вашиот сексуален живот и задоволство.

Д-р Голдстин објаснува дека „задникот го гледа како ластик, а некои ластици едноставно се премногу тесни“. Затоа, при инјектирање на ботокс во тој дел од телото, анусот се релаксира, овозможувајќи многу попријатна пенетрација. „Аналниот ботокс овозможува релаксација на внатрешниот анален сфинктер и неговата мускулатура, како и кожата во која се инјектира, со цел да се постигне посакуваниот ефект“.

Ако вашиот партнер отсекогаш сакал да експериментира со анален секс, а за вас тоа било болно или непријатно искуство, можеби ова е вистинскиот чекор за вас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ова се вистинските прашања што треба да ги поставите на првите состаноци

Заборавете на „Со што се занимаваш?“ и „Каде порасна?“ – време е за подлабоки разговори Пр…