Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Момче од југоистокот на Франција вторпат во две години извлече премија од милион евра на лотарија, а експертите велат дека шансите ова да се случи е еден спрема 16 трилиони.
Добитникот чие име не е објавено, го освои првиот милион во ноември 2016. година и продолжил секоја недела да купува лоз, пренесува Би-Би-Си.
Изминатиот месец на лотаријата „Мој Милион“ го доби вториот милион.
Продавачот кој му го продал лозот истакна дека човекот ја примил веста без изненадувања и додаде: „Изгледа се навикна да добива“. Двократниот добитник има намера да продолжи да игра, бидејќи верува во стартот на изреката „трета среќа“.