„Што да правам, немам фотки на кои сум облечена“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


OnlyFans моделот Алав Хаф (24) тврди дека три апликации за запознавање – Tinder, Bumble и Hinge, ја блокираат бидејќи е премногу згодна.

Како што вели, тие три апликации постојано и` го блокираат пристапот бидејќи луѓето постојано го пријавуваат нејзиниот профил како лажен. Имено, Алав тврди дека изгледа толку добро што луѓето постојано мислат дека не е реално.

Освен што е привлечна, Хаф е и студентка по право и заработува 44.000 фунти годишно преку OnlyFans. Откако Нетфликс го објави документарниот филм The Tinder Swindler, Хаф тврди дека Тиндер дефинитивно ја третира полошо од сега познатиот измамник Шимон Хајут.

„Мислам дека шегата е дека тој сепак можел да пристапи до апликацијата и ја користел за криминални цели, а мене ми е забранет пристап и само сакам да запознаам некој со кој ќе одам на пијачка“, се пожалила таа на Дејли Меил.

Таа додаде дека и` е забранет пристапот до Тиндер во септември 2020 година, а потоа и во декември 2021 година, откако го вратила својот профил. Бамбл ја забранил во 2020 година, а Хинг во март 2021 година.

„Имав проблеми со неколку фотографии, па ги заменив со други. Не објавувам ништо што би можело да ги навреди луѓето, но тешко ми е да најдам фотографии на кои сум облечена бидејќи на 90 отсто од фотографиите имам долна облека и костими за капење поради мојата работа“, рекла таа.