Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алекс Хонолд е професионален качувач кој го изведе првото соло слободно качување на фамозната гранитна карпа „Ел Капитен“ во националниот парк „Јосемити“.
Под слободно соло качување точно се подразбира искачување на една насока без користење на било каква безбедносна опрема (безбедносен појас, јажиња, безбедносни клинови, карабинери и слично).
Е сега, сигурно сите, додека го гледате видеото од неговото качување, барем неколку пати ќе си го поставите токму насловното прашање – „Што ако падне?“. Е на тоа „што би, ако би“ прашање се обидоа да дадат одговор членовите на тимот кој го снимаше и документираше неговото епско и до наежување импресивно качување.