Штипски наставник позитивен на КОВИД-19 – 34 ученици одат во изолација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


34 ученици во второ одделение од штипското основно училиште „Тошо Арсов” и нивните две наставнички заминуваат во изолација, откако наставникот од предметна настава бил позитивен на коронавирусот.

Прекин на наставата ќе нема, бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн.

Нови случаи на заразени вработени во штипските детски градинки се регистрирани во објектот на градинката „Астибо” во населбата „Сењак”. Воспитувачка и негователка се инфицирани, со што во изолација се испратени шест деца.