Штедачите од „Еуростандард Банка“ со над 30.000 евра штедни влогови повикуваат на меѓусебно обединување


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Оние штедачи од пропаднатата „Еуростандард Банка“ кои имаат повеќе од 30.000 евра на сметките, преку писмо до медиумите повикуваат на обединување за да се организираат и бараат помош поради ситуацијата во која се најдоа не по нивна вина.

„За обештетување на своите средства ние ќе мора да се потпреме на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем, функционирањето на истиот тој систем нѐ доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг. За да не се губи време додека истите структури горе наведени, излезат со информации за тоа кој сме тие 780 штедачи, затоа мора да се саморганизираме и превземеме мерки веднаш.

Мора да се организираме и да бидеме претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле“, повикаа дел од штедачите во меилот до медиумите.

Тие сметаат дека треба да се самоорганизираат и веднаш да преземат мерки, а засега контактот им е адресата [email protected].