Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Жителите на скопската населба и општина Кисела Вода стравуваат и се загрижени за нивната и безбедноста на нивните деца поради купиштата шприцови, игли и друг медицински отпад околу Центарот за рехабилитација на зависници кој се наоѓа во оваа населба.
На социјалните мрежи граѓаните се жалаат дека ништо не е исполнето, а дека добиле ветување во јануари оваа година дека проблемот ќе биде решен за еден месец од тогаш, состојбата не е подобрена ниту седум месеци подоцна. Тоа барем го покажуваат фотографиите објавени на социјалните мрежи.
Тие загрижени велат дека, иако најголем, ризикот за здравјето не е единствениот проблем кој го имаат тие. Според нив голем проблем е и глетката која нивните деца секојдневно ја гледаат.
Извор: Курир