Шпионски случај Скрипаљ: Рекностуирано движењето на атентаторите од САД


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британските обвинители вчера покренаа обвинение против Александар Петров и Руслан Боширов за обид за убиство на рускиот бивш двоен агент Сергеј и неговата ќерка Јулија.

Полицијата во соопштението рече дека верува дека обвинетите, на околу 40-тина години, ја контаминирале вратата на Скрипаљ откако пристигнале во Велика Британија на 2 март и си заминале на 4 март.

Запрашан дали осомничените се „руски агенти“, шефот на британскиот оддел за борба против тероризмот Нил Басу не одговорил директно, туку упатил апел до светската јавност да им помогне да ги идентификуваат. „Ние би сакале да слушнеме некого што ги познава“, рече тој.

Руското Министерство за надворешни работи одговори дека имињата не му значат ништо и побара од Велика Британија да обезбеди соработка меѓу двете земји за случајот.

Кралската обвинителна служба соопшти дека има доволно докази за обвинување на двајцата осомничени за заговор за убиство на Сергеј Скрипаљ и обид за убиство на неговата ќерка Јулија и полицаецот Ник Бејли, кој беше хоспитализиран.

По нив сега е издадена и европска потерница.

Британската полиција детално го наведе движењето на двајцата Руси, кои се обвинети дека дошле од Москва на југозападот на Англија за да го убијат поранешниот руски шпион.

Вака полицијата го опиша нивното движење:

Петок, 2 март

Околу три часот попладне, Александар Петров и Руслан Боширов пристигнале на лондонскиот аеродром Гетвик со летот СУ2588 лет од Москва, со оригинални руски пасоши.

Се верува дека оттаму со воз отпатувале до станицата Викторија, по што со метро продолжиле до Вотерло.

Во оваа област тие останале до околу 18-19 часот. Потоа отпатувале во хотелот „Сити стеј“ во источен Лондон, каде што престојувале во петокот и саботата вечер.

Сабота 3 март

Осомничените го напуштиле хотелот и отпатувале со метро и воз до Солзбери во југоисточна Англија, каде што пристигнале околу 14.25.

По два часа се вратиле во Лондон. „Нашата процена е дека целта на посетата била запознавање со областа, па не веруваме дека нивното движење тој ден претставувало опасност за јавноста“, рече Басу.

Недела, 4 март

Осомничените го напуштиле хотелот околу 8 часот и се упатиле кон Солзбери. Снимките од видеонадзорот покажале дека тие се наоѓале близу куќата на Сергеј Скрипаљ. Полицијата верува дека осомничените ја контаминирале влезната врата со новичок.

Тие ја напуштиле областа во попладневните часови, кога се упатиле кон аеродромот Хитроу.

Сергеј (67) и Јулија (33) беа пронајдени во несвест на клупа во центарот на Солзбери околу 16.15, по труењето со новичок, кој беше најден на вратата на куќата. Локалниот детектив Ник Бејли исто така беше пренесен во болница во сериозна состојба.

Осомничените се вратиле во Москва со летот СУ2585, кој заминал од Лондон во 23.30 часот.