Шпигел: ЕУ планира санкции против Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Земјите-членки на ЕУ започнаа со конкретни дискусии околу санкции против Македонија, објавува германскиот магазин Шпигел а пренесува Дојче веле.

„Иако во Европската служба за надворешна политика сѐ уште јавно не се дискутирало за тоа, на крајот веројатно ќе се одлучат за санкции“, изјавил еден претставник на службата на состанок на европските партнери на почетокот на април“,
„Голема е загриженоста и фрустрацијата на земјите-членки и на институциите поради долготрајниот политички ќорсокак во земјата“.

Од парламентарните избори во декември минатата година, политичките сили во земјата неуспешно се обидуваат да формираат нова влада. Иако социјалдемократите имаат мнозинство заедно со партиите на етничките Албанци, досега претседателот Ѓорге Иванов одбиваше да им даде мандат за формирање влада.

Германската канцеларка Ангела Меркел на конгресот на Европските народни партии во Малта го предупредила поранешниот македонски премиер Никола Груевски да престане со блокадата на формирањето на новата влада“, пишува германскиот магазин.

Според Шпигел, се планираат два вида санкции против Македонија. Забрана за патување и блокирање на сметки за одредени македонски политичари. А се размислува и за кратење на претпристапната помош – пари кои Македонија ги добива во рамките на подготовките за членство во ЕУ.

Минатата недела, и американскиот Стејт департмент се закани со санкции за македонски политичари кои го блокираат демократскиот процес во земјата