Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дел од балканските и европски медиуми ја пласираат (засега) шпекулацијата дека официјално најдобриот фудбалер на светот за 2018 година, Лука Модриќ, иако женет и со три деца, десетина години е во тајна љубовна афера со фаталната хрватска новинарка Фани Стипковиќ.
View this post on Instagram
Нормално, ниту Модриќ, ниту Стипковиќ досега ни приближно не откриле или не оддале впечаток дека се во интимна љубовна врска. Но, откако Лука ја доби „Златната топка“ за 2018 година, највисокото фудбалско признание во светски рамки, европските медиуми подетално се заинтересираа и за неговиот приватен живот, а не само за неговата професионална кариера.
Лука и Фани се запознале во 2009 година на едно интервју, по што неколку пати се видени на исти места. Хрватската новинарка потоа неочекувано се преселила во Мадрид каде живее и Модриќ со семејството.
Хрватскиот капитен инаку е во брак со Вања Босниќ со која е во врска од својата 19 година. Имаат три деца, но според дел од новинарите нивниот идиличен брак е само претстава за јавноста.
View this post on Instagram
За јавноста е интересен и фактот што преубавата Фани никогаш досега не го покажала ниту пак признала дека има момче. Лука Модриќ дури е и промотор на нејзината нова емисија.
View this post on Instagram