Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар повторно беше главна тема овие денови во медиумите откако се расплака на пресконференцијата после мечот со Јапонија.
Нејмар тврди дека причина за солзите се честите натписи во медиумите дека е несреќен во Париз и дека има проблеми со тренерот Унаи Емери.
„Стално се вртат истите приказни, тоа не е вистина. Ме боли кога читам такви работи, се ми е добро во Париз“, изјави Бразилецот.
Денес шпанските медиуми откриваат дека Нејмар е лут на доскорешните соиграчи и колеги Пике и Суарез. Тој е убеден дека тие двајца во доверлив разговор со новинарите ги пуштиле тие информации дека се покајал што го напуштил „Камп Ноу“ и дека наводно е свесен за грешката.
„Дон Балон“ тврди дека солзите се всушност тага поради изневерувањето на пријателите, кои одлучиле да им расакажат на новинарите се она што тој им го кажал во доверба.
Во меѓувреме, во медиумите се појави информација дека Меси го предупредил Бразилецот дека во случај да се пресели во Реал Мадрид во иднина, засекогаш во фудбалскиот свет ќе биде доживуван како предавник.