Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед наводно сака да го врати Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“, а за услугите на Португалецот е спремен да го понуди голманот Давид де Геа.
Роналдо во 2009 година ги напушти „црвените ѓаволи“ и во трансфер вреден 94 милиони евра се пресели во Реал Мадрид. Сепак, Јунајтед сака повторно да го врати Португалецот во своите редови, а „Дон Балон“ тврди дека спремиле интересна понуда.
Имено, Јунајтед за Роналдо е спремен да го понуди голманот Де Геа, кој веќе неколку години се поврзува со „кралскиот“ клуб. Притоа, за најдобриот фудбалер на светот „црвените ѓаволи“ се спремни да платат и додатни 35 милиони фунти.
Де Геа веќе седум години е член на Манчестер Јунајтед, но англиските медиуми неодамна пренесоа дека побарал трансфер.
Сепак, ваквата трампа во моментов делува нереално, но се погласни се шпекулациите дека Роналдо повторно можеме да го видиме во црвениот дрес.