Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Останаа уште 24 часа од најпрестижниот клупски натпревар на светот. Утре во финалето од ЛШ силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Мохамед Салах.
Најголема надеж и најголем адут на Ливерпул секако е Мохамед Салах, кој заедно со остатокот од тимот ќе даде се од себе да стигне до престижниот трофеј, кој ќе биде 6-ти во осторијата на Ливерпул.
Меѓутоа, на спротивната страна со одбраната ќе командува Серхио Рамос, кој ќе биде задолжен за запирање на нападот предводен од Салах.
Последен пат кога играа еден против друг, Серхио Рамос доминираше на мечот и беше еден од најдобрите поединц. Тоа беше пред две сезони во нокаут фазата од ЛШ, кога Египќанецот го носеше дресот на Рома.
Шпанските медиуми посебно го истакнуваат мечот во Рим кога Рамос беше феноменален и го „стави во џеб“ Мохамед Салах.
Во видеото подолу можете да се потсетите како изгледаше нивниот дуел.