Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез нема да настапува за шпанската репрезентација бидејќи се одлучи репрезентативната кариера да ја гради во Франција.
Лукас и неговиот брат Тео, кој игра во Реал Мадрид, се родени во Марсеј, но од својата четврта година живее во Мадрид.
Лукас со месеци им се нудеше на Шпанците, „Марка“ објави дека сигурно ќе добие повик во репрезентацијата, но дефанзивецот на Атлетико во последен момент ја избра Шпанија.
Само неколку дена претходно изјави:
„Се чувствувам како Шпанец. Оваа држава ми даде се, и доколку селекторот ме повика, ќе одговорам со задоволство“.
Сепак, повик од Лопатеги не пристигна, па сега Лукас е „спремен да умре“ за францускиот дрес.
„Имам 22 години, од кои 18 живеам во Шпанија. Вистина е дека Шпанија ми даде се, дури и подобро зборувам шпански отколку француски, но решив да настапувам за Франција. Подготвен сум да умрам за францускиот дрес“, изјави Лукас.
Лукас веќе одигра еден меч за Франција, но пријателски, против Колумбија, а неговиот брат Тео се уште нема одлучено за која репрезентација ќе настапува.