Шпанците без конкуренција: Ова се клубовите кои најмногу потрошија на трансфер пазарот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Трансфер пазарот е во полн ек, а до сега доминираат шпанските гиганти Барселона, Реал Мадрид и Атлетико кои потрошија најмногу пари за доведување на нови фудбалери.

Манчестер Сити и ПСЖ се неочекувано „мирни“ на трансфер пазарот ова лето, најверојатно поради евентуалните санкции поради ФФП, а Челзи има забрана за трансфери.

Поради тоа доминираат шпанските гиганти, на право место Реал Мадрид, кој до сега потроши 303 милиони евра за пет нови фудбалери.

Барса плати 120 милиони евра за Антоан Гризман, додека Диего Симеоне даде 126 за неговиот заменик – Жоао Феликс.

Топ 10 клуба кои до денес најмногу потрошија за трансфери:

1. Реал Мадрид – 303 милиони евра
2. Барселона – 235 милиони евра
3. Атлетико Мадрид – 207 милиони евра
4. Борусија Дортмунд – 127,5 милиони евра
5. Баерн Минхен Минхен – 118 милиони евра
6. Севиља – 111,5 милиони евра
7. Рома – 95 милиони евра
8. Астон Вила – 93,1 милиони евра
9. Манчестер Сити – 90 милиони евра
10. Интер – 85,5 милиони евра.